Орбан: Ние сме црна овца во ЕУ

пред 3 години

Унгарија одби да прифати илегални мигранти за време на кризата во 2015 година и тоа беше единственото разумно однесување за одбрана на земјата и нејзините граѓани, рече премиерот Виктор Орбан, пренесуваат унгарските агенции.

„Со ваквото одбивање, Будимпешта се спротивстави на повеќето земји од Европската Унија кои одлучија да ги отворат своите граници и наводно отворија ново поглавје во нивната историја, нарекувајќи го ново општество“, додава тој.

Според него, тоа е „постхристијански и пост-национален режим“.

“Не постои начин да се знае дали исходот ќе биде добар или лош, но мислам дека е многу ризично. Секоја нација има право да го преземе тој ризик или да го одбие. Ние Унгарците одлучивме да не го преземаме тој ризик”, изјави Орбан.

Според него Унгарија има право да носи такви одлуки, пренесуват агенциите.

“Ова е нашата земја, ова се нашите луѓе, историја, јазик и ние мора да ги заштитиме. Се разбира, ако некој е во неволја и Унгарците се најблиску до вас, се разбира дека ќе помогнеме, но влегувањето во земјата без дозволи не е основно човеково право“, рече тој.

Според него, таквата одлука во основа била причината за остриот напад против Унгарија, и затоа што неговата лична репутација е многу лоша, а Унгарија како што вели била третирана како црна овца на Европската Унија.

Во врска со неодамнешната изјава на Џо Бајден дека Орбан е „тотален насилник“, унгарскиот премиер вели дека со таа изјава американскиот претседател „лично го навредил унгарскиот народ“, но бидејќи тој е претседател на САД, дека Унгарците мора да бидат скромни и полни со почит кон претседателот но и дека треба да се разјасни дека она што е кажано е навредливо.

Share
Scroll to Top