Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат

Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат

пред 1 ден

Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.

Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.

„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.

Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.

Фото: Depositphotos

Текстот Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top