Орбан: Трамп ја изеде Фон дер Лајен за појадок

Орбан: Трамп ја изеде Фон дер Лајен за појадок

пред 2 месеци

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за појадок“, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Орбан во онлајн-емисија наречена „Борбен час“ изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателката на Европската комисија, која е „лесна“.

„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, а позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.

САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е многу подобар од овој, смета Орбан. Тој додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех.

Текстот Орбан: Трамп ја изеде Фон дер Лајен за појадок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top