Отворен еден од најдолгите мостови во Турција

пред 4 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отвори мост на реката Тигар, долг повеќе од еден километар.

Преку видео конференција, Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворатоње на мостот што ги поврзува градовите Батман и Мидијат, а истовремено претставува решение за преминување на браната во тој регион, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Мостот, долг илјада метри, стана еден од најдолгите мостови во Турција. Изграден е според стандардот на автопатот, а содржи и пешачки премин.

Мостот, со максимална висина на столбот од 90 метри и максимален распон од 168 метри, е изграден во хибриден дизајн.

Share
Scroll to Top