Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и Кушнер

Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и Кушнер

пред 40 минути

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американската делегација, во која се вклучени специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, која требаше да се одржи во Брисел, е откажана, дознава „Киев пост“.

„Според извори, состанокот во Брисел е откажан. Зеленски се враќа дома“, рече Алекс Рауфоглу, новинар на „Киев Пост“.

Како што објави „Ројтерс“, Зеленски се враќа во Киев по европската турнеја за време на која ги посети Париз и Даблин.

Агенцијата „Тас“ објави, повикувајќи се на европски контролор на летање, дека летот со Виткоф и Кушнер прелетал над Европа и влегол во канадскиот воздушен простор ноќе.

„Волстрит џурнал“, исто така, објави дека состанокот меѓу руските и американските претставници не довел до решавање на главната пречка во мировните преговори – територијалното прашање.

Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека тоа е едно од најважните прашања за Москва и дека сè уште не е постигнат компромис.

Дописникот на „Скај њуз“ од Москва, Ивор Бенет, рече дека Русија намерно го објавила заземањето на Покровск пред разговорите со САД, со цел да ја потврди својата доминација и да ги зајакне своите преговарачки барања.

фото/ЕПА

Текстот Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и Кушнер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top