Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

пред 4 години

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија.

Сепак, овој пат беше измешан со локална мутирана варијанта и можно е да ги направи вакцините помалку ефикасни.

Американските здравствени работници досега наидоа на еден случај на овој, како што го нарекуваат, „застрашувачки вид“, а по истражувањето е утврдено дека потекнува од локалната заедница и дека не се развил во пациентот во кого бил откриен, објави Јаху за „Њујорк пост“.

„ Ние секако не го увезовме ова од странство – тоа се случи спонтано, во нашата земја“, изјави Брајан О’Рок, генетски научник од Универзитетот за здравство и наука во Орегон.

Основата на новооткриениот вид е дека има иста позадина како и новите соеви, но исто така и иста мутација – E484K (Eek), што е видена во Јужна Африка, Бразил и Њујорк.

Лабораториските тестови покажаа дека мутацијата „Еек“ ја намалува ефикасноста на вакцините со затајување на имунолошкиот одговор на организмот.

Британскиот вид Б117 исто така има мутација „Еек“, но орегонскиот сој се развива независно, додаде О’Рок.

Share
Scroll to Top