Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Исламската Република Иран и САД, заедно со нивните сојузници, се согласиле на моментален прекин на огнот. Според него, прекинот на огнот важи за сите области, вклучително и Либан, и стапува на сила веднаш.
„Топло го поздравувам овој мудар гест и ја изразувам мојата најдлабока благодарност до раководството на двете земји“, рече Шариф. Тој, исто така, ги покани делегациите од вклучените страни во Исламабад во петок, 10 април, за да продолжат преговорите за конечен договор за решавање на сите спорови.
„Искрено се надеваме дека ‘Преговорите во Исламабад’ ќе успеат да постигнат одржлив мир и со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе добри вести во наредните денови“, заклучи пакистанскиот премиер.
Текстот Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД е превземен од МАКФАКС.




