Пакистан: Тројца бомбаши-самоубијци го нападнаа седиштето на паравоените сили

Пакистан: Тројца бомбаши-самоубијци го нападнаа седиштето на паравоените сили

пред 2 часа

Тројца бомбаши-самоубијци денес го нападнаа седиштето на паравоените сили во Пешавар, при што загинаа три припадници, а најмалку петмина беа ранети, пренесе „Ројтерс“. Напаѓачите прво отвориле оган на влезот, а потоа се разнеле во кругот на комплексот на граничната полиција.

Полицијата соопшти дека напаѓачите се пробиле во објектот по првичната престрелка. Областа е блокирана од армијата и полицијата, а според локални извори се сомнева дека во комплексот можеби има уште напаѓачи. Ранетите, меѓу кои и двајца припадници на паравоените сили, се пренесени во болница.

Нападот се случува во време на зголемена активност на исламистички милитанти во регионот, по смртоносните погранични судири меѓу Пакистан и Авганистан минатиот месец. Досега ниту една група не презеде одговорност.

Текстот Пакистан: Тројца бомбаши-самоубијци го нападнаа седиштето на паравоените сили е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top