Папата со жалење го прими извештајот за злоупотреба на деца

пред 3 години

Папата Франциск со тага ја прими информацијата за содржината на истрагата за сексуална злоупотреба во Католичката црква во Франција, се наведува во денешното соопштение на Ватикан.

„Пред сè, неговите мисли се со жртвите поради нивните рани“, се вели во соопштението и се додава дека папата, исто така, се чувствува благодарен за храброста што ја покажале во изразувањето на она што го поминале, пренесува „Ројтерс“.

„(Неговите мисли се исто така со) Црквата на Франција, така што, во свесноста за оваа страшна реалност … може да започне патот на искупување“, се додава во соопштението.

Француското свештенство сексуално злоупотребило повеќе од 200.000 деца во последните 70 години, покажа големата истрага објавена денеска.

Неговите автори ја обвинија Католичката црква дека премногу долго ги затвора очите пред такви недела.

Share
Scroll to Top