Папата Франциско велигденската молитва ја посвети на старите и на болните лица

пред 4 години

Папата Франциско својата попладневна јавна молитва на велигденскиот понеделник ја посвети на старите и на болните лица, како и на штитениците на домовите за стари лица, велејќи дека се надева оти неговите зборови ќе им дадат охрабрување и надеж.

Молитвата позната како Регина Каели (Кралица на небото) ја изговори во Ватикан и беше емитувана на интернет. Со неа официјално заврши велигденската прослава во Католичката црква.

Ова е втора година по ред како под строги пандемиски мерки водачот на Ватиканската црква ја предводи велигденската прослава со која се одбележува воскресението на Исус Христос. За време на викендот немаше аџилак во Рим и големиот плоштад Свети Петар во понеделникот беше речиси празен.

Во велигденската порака во неделата, 84-годишниот Франциско повика на поголемо вакцинирање против Ковид-19 и во посиромашните земји.

 

Share
Scroll to Top