Папата Франциско: Одбивањето имунизација е самоубиствено однесување

пред 2 години

Папата Франциско денеска изјави дека вакцинацијата против коронавирусот е „морална обврска“ и ги осуди луѓето кои биле охрабрени од „неоснованите информации“ и одбиле една од најефикасните мерки за спасување животи.

Поглаварот на Римокатоличката црква (85) употребил силни зборови повикувајќи ги луѓето да се вакцинираат во говорот пред амбасадорите акредитирани во Светата столица, пренесува агенцијата АП.

Според американската агенција, папата избегнал да зборува за вакцинацијата како „морална обврска“, иако неговото советодавно тело за Ковид-19 го нарече „морална одговорност“.

Вакцинирањето го нарече чин на љубов, а однесувањето на луѓето кои одбиле да се имунизираат, го нарече „самоубиствено“.

Тој, исто така, истакна дека поединците имаат одговорност да се грижат за себе „и дека грижата за себе се преведува во почитување на здравјето на оние околу нас“. „Здравствената заштита е морална обврска“, рече тој.

Тој се пожали дека се повеќе идеолошки поделби ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.

– Луѓето честопати дозволуваат да бидат под влијание на идеологијата, често поткрепени со неосновани информации или слабо документирани факти – рече папата Фрањо.

– Вакцините не се магично средство за лекување, но секако претставуваат, меѓу другите третмани што треба да се развијат, најразумното решение за превенција од болести – додаде Папата.

Share
Scroll to Top