Патријархот Иринеј позитивен на коронавирус

пред 4 години

Српскиот патријарх Иринеј е позитивен на коронавирус.Како што е наведено на веб-страницата на СПЦ, патријархот бил хоспитализиран без симптоми и во одлична општа состојба.

Тој е во ковид-болницата во Белград.

„Како дел од редовната процедура за тестирање, и по епидемиолошката проценка, беше извршено тестирање на САРС Ков-2, што потврди дека Неговата Светост српскиот патријарх Иринеј е позитивен без симптоми и одлична општа состојба. Неговата Светост беше хоспитализирана во ковид-болницата во Белград”, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top