Пекинг: Вакцинираните граѓани ќе добиваат купони за потрошувачки попусти

пред 4 години

Сите купувачи во една област од кинескиот главен град, Пекинг, од денеска ќе добиваат купони со потрошувачки попусти доколку се вакцинирани против коронавирусот.

Со делење на купони во вредност од 1,23 до околу 4 американски долари, кинеските власти се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата во населбата Даксинг, каде што живеат околу 1,8 милион луѓе, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Вакцинираните жители, купоните чија вкупна вредност достигнува околу 30,7 милиони долари, ќе може да ги користат во блиските супермаркети. Некои граѓани изразиле загриженост дека делењето купони всушност ја поткопува довербата на луѓето во вакцината.

Повеќе од 73% од населението постаро од 18 години е вакцинирано во областа Даксинг во Пекинг, објави весникот „Пекинг дејли“.