Перу го отвори Мачу Пикчу за еден посетител, чекал 7 месеци за да го види

пред 3 години

Перу ја отвори туристичката атракција Мачу Пикчу за јапонски турист кој чекаше скоро седум месеци да ги види овие урнатини на светиот град Инка. Јесе Такајама беше во Перу кога избувна епидемијата на коронавирус и од март се наоѓа во градот Агуас Калиентес, пренесува Гардијан. Неговиот првичен план бил да помине неколку дена во Перу за да го посети ова светско наследство. Тој купил билет за влез уште во март, но успеал да влезе дури оваа сабота. Со тоа, Јапонецот е првиот посетител кој дошол во Мачу Пикчу по седум месеци. „Тој дојде во Перу со надеж дека ќе може да влезе“, рече министерот за култура Алехандро Нејра. Инстутуциите му дале специјална дозвола за посета, во придружба на еден од вработените. Перу досега има забележано 33.305 смртни случаи предизвикани од коронавирус. Меѓународните летови се речиси целосно откажани и одат во само седум земји во Јужна Америка. Туризмот е речиси уништен. Мачу Пикчу за туристи повторно ќе се отвори во ноември, но ќе има ограничувања на бројот на посетители. Мачу Пикчу го посетуваат 675 туристи на ден, но сега ќе биде ограничен на 30 проценти од вообичаениот број.

Share
Scroll to Top