Песимизмот во Австрија како во седумдесетите години, покажале најновите истражувања

пред 3 години

Во Австрија, песимизмот околу украинската војна и растот на цените се на највисоко ниво од 1970-тите години, пишуваат тамошните медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Истражувањето на Здружението „Лацарсфелд“ покажало дека 50 отсто од Австријците изјавиле дека се песимисти за следните 12 месеци.

Само 26 отсто од Австријците се оптимисти за следната година.

„Лацарсфелд“ посочува дека толку високо ниво на песимизам во Австрија не е регистрирано уште од 70-тите години и енергетската криза.

На негативното расположение на Австријците првенствено влијае економската рецесија, војната во Украина и растот на цените.

Така, 51 отсто од Австријците се грижат за сопствената безбедност поради војната во Украина.

Како што објаснува здружението, ова е прашање на загриженост за економската безбедност и страв од растечка нуклеарна војна.

Истражувањето се осврнало и на прашањето колку австриската влада е стабилна во сегашните услови.

Така, 44 отсто од Австријците изјавиле дека владата е нестабилна и дека нема соработка меѓу коалиционите партнери, а само 24 отсто имаат поинакво мислење.

Share
Scroll to Top