Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировниот процес

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировниот процес

пред 3 часа

Киев продолжува со залуден отпор наместо да донесе одговорна одлука и да го отвори патот за мировниот процес, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Киевскиот режим продолжува со залуден отпор наместо да донесе неопходна, одговорна одлука и да го отвори патот за продолжување на мировниот процес“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека руските вооружени сили продолжуваат со своите стратешки воени операции и продолжуваат да ја обезбедуваат безбедноста на руските региони.

„Нашите вооружени сили продолжуваат со својата специјална воена операција и продолжуваат да ги постигнуваат своите цели, како и да ја обезбедуваат безбедноста на руските региони“, рече Песков, според Танјуг.

Текстот Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировниот процес е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top