Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, како што ја нарекуваат Русите, „специјална воена операција“ во Украина може да заврши во догледна иднина, пренесе руската агенција Тас.
Коментирајќи го вчерашното интервју за британскиот Скај њуз, Песков изјави дека Русија се надева дека операцијата ќе ги постигне своите цели или ќе заврши благодарение на преговорите во следните неколку дена.
Запрашан од новинарите дали тоа се денови во догледна иднина, Песков потврди и повтори дека „зборуваме за догледна иднина“.
Ukraine War: Kremlin spokesman Peskov admits ‘significant’ Russian losses https://t.co/xgbQUa4XS2
— BBC News (World) (@BBCWorld) April 8, 2022