Песков: Новите санкции на ЕУ се непријателски чекор против Русија

пред 4 години

Новите санкции на ЕУ кон Русија се намерен непријателски чекор, во кој нема логика, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„На наше огромно жалење, ова е намерен непријателски чекор против Русија“, истакна Песков, додавајќи дека Советот на ЕУ ги нарушил односите со Русија со донесувањето на таа одлука, јави ТАСС.

Според него, тажна страна на тоа прашање е што не се гледа никаква логика во таквата одлука.

Share
Scroll to Top