Се урна воен хеликоптер во Куба, загинаа пет члена на екипажот

пред 3 години

Сите пет члена на екипажот загинаа кога се урна кубански воен хеликоптер во планинска област на истокот на земјата, објави владата.

Револуционерните вооружени сили на Куба објавија дека хеликоптерот удрил во рид, веднаш откако полетал од провинцијата Холгин кон провинцијата Гвантанамо, но не се дадени детали, пренесува Ројтерс.

Се испитува причината за несреќата.

Share
Scroll to Top