Песков: Русија не се заканува никому, мора да внимава на безбедноста поради заканите од НАТО

пред 4 години

Кремљ ги отфрли обвинувањата дека акумулацијата на руски војници во близина на границата со Украина ги одразува агресивните намери на Москва, наведувајќи дека Русија мора да внимава на својата безбедност како одговор на заканите од НАТО.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата на западните медиуми дека Москва има намера да ја нападне Украина.

„Русија никому не се заканува. Движењето на војниците на наша територија не треба да биде причина за ничија загриженост“, изјави Песков за новинарите.

Запрашан дали Русија планира да ја нападне Украина, рускиот заменик-амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански, рече дека Москва никогаш не го планирала и нема да го направи тоа, освен ако не е испровоцирано од Украина или некој друг“.

Полјански додаде дека од Украина доаѓаат многу закани, како и провокативни акции на американските воени бродови во Црното Море.

Песков слично, посочи дека Русија треба да ја заштити својата безбедност во време на зголемени провокации во близина на нејзините граници, посочувајќи на присуството на американски бродови во Црното Море и се почестите извидувачки летови на САД и НАТО.

„Преземаме мерки за обезбедување безбедност кога нашите противници ќе преземат акција во близина на нашите граници. Не можеме да бидеме рамнодушни кон тоа, мора да бидеме внимателни“, рече Песков.

Украина минатата недела предупреди дека по воената вежба, Русија држела десетици илјади војници недалеку од своите граници и во областите во источна Украина под контрола во обид да изврши дополнителен притисок врз Киев.

Share