Песков: Се надеваме на конструктивни односи со новите власти во Србија

Песков: Се надеваме на конструктивни односи со новите власти во Србија

пред 3 часа

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва се надева дека новите власти во Србија ќе се обидат да одржат конструктивни односи со Русија, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји е во нивен заеднички интерес.

„Соработката со Русија е во интерес на Србија и корисна за Републиката“, рече Песков.

Тој нагласи дека Кремљ високо го цени придонесот на Александар Вучиќ во развојот на билатералните односи меѓу Србија и Русија.

„Ги забележавме резултатите од изборите во Србија. Многу го цениме придонесот на Вучиќ во развојот на нашите билатерални односи“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков додаде дека Москва се надева дека Вучиќ, дури и како претставник на опозицијата, ќе продолжи да придонесува за развојот на односите меѓу двете земји.

Текстот Песков: Се надеваме на конструктивни односи со новите власти во Србија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top