Песков: Русија ќе ги отстрани талибанците од листата на терористички организации

Песков: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија

пред 1 година

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија, а Москва останува подготвена да ги продолжи преговорите врз основа на договорот од Истанбул од 2022 година.

Песков посочи дека е премногу рано да се зборува за распоредување мировни сили во Украина, што го пренесоа некои медиуми, пренесе „РИА новости“.

„Знаете дека засега украинската страна одбива какви било преговори. Всушност, самиот претседател Володимир Зеленски ги забрани овие преговори со документи“, им рече Песков на новинарите.

Текстот Песков: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top