ЕУ го санкционираше лидерот на Хамас

ЕУ го санкционираше лидерот на Хамас

пред 4 месеци

Земјите-членки на Европската унија денеска го додадоа политичкиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, на листата на санкции како одговор на ненадејниот напад на групата врз Израел во октомври минатата година. Како резултат на таа одлука, неговите средства и други финансиски средства во земјите членки на ЕУ ќе бидат замрзнати, а на финансиските институции од ЕУ им е забрането да му ставаат на располагање средства и економски ресурси.

Роден во бегалскиот камп Кан Јунис, Синвар (61) беше избран за лидер на Хамас во Газа во 2017 година и беше еден од 1.027 Палестинци кои беа ослободени од израелските затвори во 2011 година во замена за израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше држен во Газа. Веќе во декември ЕУ ги стави командантот на вооруженото крило на Хамас Мохамед Деиф и неговиот заменик Марван Иса на својата листа на терористи.

И двајцата се сметаат за водечки фигури на Хамас и планери на невидениот масакр во Израел на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 Израелци, а околу 250 луѓе беа киднапирани и однесени во Појасот Газа. ЕУ го класифицира Хамас, кој насилно ја презеде власта во Појасот Газа во 2007 година, како терористичка група во 2001 година.

Шефот на политбирото на Хамас, Исмаил Ханија, кој живее во Катар, се уште не е санкциониран од ЕУ. Синвар е највисокиот политичар на Хамас во Појасот Газа.

Текстот ЕУ го санкционираше лидерот на Хамас е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top