Петти ден по ред Русија пријавува над 800 починати од Ковид-19

пред 3 години

Во последните 24 часа во Русија се потврдени 806 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, со што бројот на смртни случаи надминува 800 веќе петти ден по ред, а според официјалните податоци на рускиот Кризен штаб, 171.305 лица ја загубиле борбата против вирусот од почетокот на пандемијата.

Во изминатото деноноќие, потврдени се и 20.765 новозаразени со коронавирус, а од почетокот на пандемијата, евидентирани се вкупно 6.621.601 заразен, објави ТАСС.

Share
Scroll to Top