Пет лица загинаа во лавина во Австрија

пред 3 години

Пет лица загинаа во лавините што се случија во саботата во Австрија, објави полицијата на австриската провинција Тирол, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Полицијата во саботата потврди дека 16-годишен Германец кој скијал со двајца пријатели на надморска височина поголема од 2.600 метри, надвор од патеката и без уред за лоцирање, загинал во лавина во скијачкиот центар Кухтаи.

За време на викендот имало уште четири лавини во Тирол, но во нив никој не загинал.

Просечно дваесет луѓе умираат во лавини во Австрија секоја година, но во сезоната 2019/20 има помалку жртви затоа што ски – сезоната беше скратена со воведувањето карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Share
Scroll to Top