Пленковиќ: Нападот врз полицаецот во Загреб има елементи на терористички акт

пред 4 години

Хрватскиот премиер на владина седница изјави дека пукањето на плоштадот Свети Марко во Загреб, во кое полицаец беше сериозно ранет во понеделникот, има и елементи на терористички акт.

Андреј Пленковиќ веднеш по пукањето изјави дека, според информациите што ги има во тој момент, станува збор за обид за тешко убиство и самоубиство.

„Полицијата и Државното правобранителство ги утврдуваат околностите на злосторството, но мотивите и причините за ова дело треба да се отворат како тема. Според информациите што ги имаме досега, делото има и елементи на терористички акт“, рече Пленковиќ на отворениот дел од владината седница.

Тој соопшти и дека го посетил ранетиот полицаец кој, како што вели, се чувствува добро.

Share
Scroll to Top