Пленковиќ: Хрватска ќе поддржи пакет санкции кон Русија

пред 2 години

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на Твитер напиша дека Хрватска ќе поддржи пакет санкции против Русија и дека е подготвена да обезбеди хуманитарна и техничка помош за Украина, а истовремено ја повика Москва да ги прекине воените операции.

„Ќе го поддржиме пакетот санкции и подготвени сме да и’ пружиме хуманитарна и техничка помош на Украина“, рече Пленковиќ на социјалната мрежа, повикувајќи ја Русија „веднаш да ги прекине воените операции кои ги загрозуваат невините луѓе“.

Шефот на владата денеска го прими украинскиот амбасадор Василиј Крилич и повтори дека „хрватската влада најостро ја осудува руската инвазија и агресија врз Украина“.

Според него, тоа е „директен напад врз демократијата, меѓународното право и суверенитетот на Украина“.

Share
Scroll to Top