Побуна на њујоршките православни Евреи против најновите рестриктивни мерки на власта

пред 4 години

Њујорчани протестираа против најновите рестриктивни мерки што ги воведе власта зa  да го спречи понатамошно ширење на коронавирусот.

Њујоршката заедница на православни Евреи се побуни против новите ограничувања, тврдејќи дека властите неправедно и селективно го ограничуваат животот во соседството во кое живеат, пренесе АП.

Протестите започнаа во близина на паркот Бороу во Бруклин веднаш откако гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо најави нови ограничувачки мерки за училиштата, верските објекти и деловните центри во одредени делови на градот.

„Сите сакаме да живееме, сите се грижиме за спречување на ширењето на коронавирусот. Но, примената на двојни стандарди едноставно не е фер”, рече еден член на еврејската заедница во Бруклин.

Share
Scroll to Top