Повеќе од 1.000 Хути убиени или ранети во битките кај Таиз во 2020 година

пред 3 години

Повеќе од 1.146 Хути биле убиени или ранети за време на судирите во југозападната провинција Таиз во 2020 година, соопшти во неделата армијата на меѓународно поддржаната влада на Јемен, пренесува „Аран њуз“.

„Околу 462 припадници на милициите на Хутите беа убиени, вклучително и истакнати лидери на терен, а повеќе од 684 беа ранети за време на тековните битки со силите на Националната армија во текот на 2020 година“, посочи Центарот за медиуми на воената дивизија од Таиз во армијата на Јемен.

Во соопштението се додава дека меѓу убиените се и командантот на Бригадата 17, Али Абдул-Разак ал-Шарија, и командантот на западниот регион, бригадниот генерал Абдул-Рахман ал-Мутавакел.

Националната армија оствари значителни придобивки и сега има контрола над голем број локации, а притоа уништи и 13 воени возила, шест топа и осум митралези и собори три беспилотни летала на Хутите. Провладините сили го контролираат градот Таиз, додека Хутите ја контролираат периферијата на градот.

Share
Scroll to Top