Повеќе од 140 демонстранти приведени на протестите во Белорусија

пред 4 години

Повеќе од 140 лица беа приведени за време на протестите во неделата во Минск и другите белоруски градови, објави нерегистрираниот Центар за човекови права „Весна“, пренесува ТАСС.

Списокот на приведени објавени на веб-страницата на „Весна“ вклучува 146 имиња. Повеќето од нив биле приведени во Минск. Пријавени се и притворања во Борисов, Боровљани, Гродно, Новополотск, Смиловичи и Солигорск.

Портпаролката на полицискиот оддел во Минск, Наталија Ганушевич, претходно изјави дека околу 100 лица биле приведени во Минск за време на неодобрените митинзи.

Демонстрантите се собралњ во групи од десетици до стотици во голем број населби во Минск во неделата. Полицијата се обидлае да го запре нивното движење и да ги растера демонстрантите. Втора недела по ред властите не ги затворија метро-станиците и не ја блокираа мобилната комуникација за време на протестите.

Демонстрациите на национално ниво ја зафатија Белорусија по претседателските избори на 9 август. Според официјалните резултати на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со огромно мнозинство, собра 80,10 отсто од гласовите.

Неговиот најблизок ривал на трката, Светлана Тихановскаја, се најде на второто место, со 10,12 отсто од гласовите. Сепак, таа одби да ги признае резултатите од изборите и ја напушти Белорусија и замина во Литванија. Откако беа објавени резултатите од излезните анкети, избија масовни протести во центарот на Минск и другите белоруски градови.

За време на раниот постизборен период, митинзите прераснаа во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата. Тековните немири ги поттикнува Координативниот совет на опозицијата, кој бара повеќе протести. Како одговор, белоруските власти ги искористија тековните превирања и побараа да се запрат овие неовластени демонстрации.

Share
Scroll to Top