Повеќе од 2.100 жители на Мариупол се убиени од почетокот на руската инвазија

пред 2 години

Повеќе од 2.100 жители на опколениот украински град Мариупол се убиени од почетокот на воените дејствија, соопштија во неделата локалните власти.

– До денес 2.187 жители на Мариупол загинаа од руски напади – објави градскиот совет на Телеграм.

Ова го зголеми бројот на жртви за речиси 1.000 од средата. Тогаш рекоа дека биле убиени 1.207 цивили.

Share
Scroll to Top