Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но засега нема извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби.
Според извештаите, напорите за гаснење на пожарот беа попречени од силни ветрови, објави Ројтерс.
Густ црн чад ја покри областа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафати населба со голем број поврзани куќи.
Текстот Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар во Норвешка е превземен од МАКФАКС.




