Повредени американски војници во Германија, камион се заби во колона воени возила

пред 3 години

Во Германија камион со полна брзина денеска удрил во конвој возила на американската војска на автопатот Пасау-Нирнберг, во близина на градот Парсберг.

По несреќата се запалиле воени возила, а повредени се и неколку припадници на американската војска, изјавил портпаролот на локалната полиција, а пренесува Merkur.de.

Според извештаите на медиумите, осум лица биле пренесени во болница поради труење со чад. Засега не е позната здравствената состојба на возачот на камионот.

Share
Scroll to Top