Погодена детска градинка во источна Украина, инцидент со руски и американски авиони над Медитеранот

пред 3 години

Инциденти со гранатирање се забележани утринава во источна Украина, соопшти ОБСЕ.

Украина тврди дека нападот го иницирале руски сепаратисти, а сепаратистите тврдат дека биле нападнати.

Бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина ги обвинија владините сили на Киев дека користат минофрлачи за да ја нападнат нивната територија, прекршувајќи ги договорите за ставање крај на конфликтот.

Од друга страна, официјален претставник на операцијата на здружените сили на Украина изјави дека врз нејзините војници било пукано, но не возвратиле. Армијата тврди дека е погодена градинка.

Во текот на викендот, пак, се случил и инцидент во Медитеранот.

Американски и руски воени авиони летале опасно еден до друг во три одделни инциденти во текот на викендот над Средоземното Море, вклучително и оној во кој поминале на растојание од само 5 метри еден од друг, соопштија претставници на Пентагон.

Во инцидентите, кои се случиле во петокот и саботата, учествувале руски ловци „су-35“, што се префрлиле во патеката на летот на извидувачкиот авион на американската морнарица П-8А, соопштија официјални лица.

„Тоа е многу опасен и непрофесионален потег“, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека некои сили од руските воени области во соседството на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите и објави видео на кое се гледа како силите наводно го напуштаат Крим како доказ.

САД не веруваат во тврдењата на Русија за повлекување на војниците од границата со Украина, а се сомневаат дека Москва дури и го зголемила нивниот број за 7.000, изјави неименуван висок функционер од администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден.

 

Share
Scroll to Top