Повеќе од 30 луѓе се повредени, а стотици се евакуирани од запалената печатница за пари во Шамалиер, Франција. На пожарникарите им биле потребни три часа за да го изгаснат пожарот.
На местото на настанот се испратени пожарникари, бидејќи вработените во објектот се префрлени на безбедно. На жителите на Шамалиер им било препорачано да останат во становите и да ги држат прозорците затворени.
Une épaisse fumée blanche se détache dans le ciel de Chamalières, à la Banque de France ?Solenne Barlot @F3Auvergne pic.twitter.com/KuTr6fcZPM
— Catherine Lopes (@lacatch) February 9, 2022
Пожарот е ставен под контрола по три часа гаснење.
Incendie de l’imprimerie de la Banque de France à Chamalières. Les pompiers à l’œuvre. pic.twitter.com/kDD0AvSg6O
— Fabien Gandilhon (@fgandi) February 9, 2022
Во соопштението, официјалните лица соопштија дека 34 лица се здобиле со полесни повреди, од кои 10 се пренесени на лекување во болница. Меѓу повредените има и двајца пожарникари.