Пожар на Клиниката за психијатрија во Бања Лука, шестмина повредени

Пожар на Клиниката за психијатрија во Бања Лука, шестмина повредени

пред 2 години

Шест лица се повредени во пожарот што рано утринава избувна на Клиниката за психијатрија во Бања Лука, соопшти градската полиција.

Пожарот избувнал половина час по полноќ, а шестмина повредени добиле помош во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.

Пожарникарите го локализираа пожарот, а Окружното јавно обвинителство на Бањалука нареди истрага, изјавија тамошните власти.

„Во полициската управа околу 00.40 часот е пријавено дека на улица „Мачванска“ во просториите на Клиниката за психијатрија избувнал пожар. Пожарот бил локализиран од вработени и припадници на Противпожарната бригада на град Бања Лука. Шест лица се повредени на кои им е укажана лекарска помош во УКЦ РС“, велат од полицијата.

Извршена е истрага, а за се е известен и дежурниот обвинител на Бања Лука, кој нареди да се преземат сите неопходни мерки и дејствија за утврдување на околностите на пожарот.

Текстот Пожар на Клиниката за психијатрија во Бања Лука, шестмина повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top