„Политико“: Самитот меѓу Трамп и Џјинпинг е закажан за првата недела од април

„Политико“: Самитот меѓу Трамп и Џјинпинг е закажан за првата недела од април

пред 1 месец

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, планира да отпатува во Пекинг во првата недела од април на самит со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, изјавија лица запознаени со плановите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, објави американскиот „Политико“.

Трамп вети дека ќе ја посети Кина во април по средбата со Шји во Јужна Кореја минатата есен, но Белата куќа сè уште официјално не ги објави точните датуми на патувањето.

Службеник на Белата куќа изјави дека датумите сè уште не се конечни, пренесува Танјуг.

Текстот „Политико“: Самитот меѓу Трамп и Џјинпинг е закажан за првата недела од април е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top