Полицијата во Париз убила лице кое ги нападнало со нож на железничка станица

пред 3 години

Француската полиција утрово уби едно лице кое со нож нападна полицајци на железничката станица во Париз Гар ду Норд, изјави францускиот министер за транспорт Жан Батист Џебари.

„Лицето кое ги нападна починало на лице место“, рекол Џебари, додавајќи дека двајца полицајци се здобиле со полесни повреди, пренесуваaт агенциите.

Тој смета дека овој инцидент нема никаква врска со тероризам и додава дека дотичниот и е познат на полицијата од поодамна.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на Твитер напиша дека инцидентот се случил утрово околу 7 часот, додавајќи дека никој од граѓаните не е повреден.

Гар ду Норд е една од најголемите железнички станици во Европа и дом на меѓународните железнички услуги што ја поврзуваат Франција со Британија и Белгија.

Share
Scroll to Top