Полска од 1 март ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, но обврската за носење заштитни маски ќе остане на сила, најави денеска премиерот на земјата.
– По консултации со лекарите и откако видовме што се случува во другите земји, можеме да воведеме промени во нашата политика на рестриктивни мерки, рече премиерот, обраќајќи им се на новинарите.
Повеќе од 5,5 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во Полска од почетокот на пандемијата на коронавирус, додека 110.157 луѓе починале како резултат на инфекцијата, според Worldometers.