Полска изрази жалење што рускиот амбасадор беше полиен со црвена боја во Варшава

пред 2 години

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау изрази жалење за денешниот инцидент кога украински и полски демонстранти истурија црвена боја врз рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев на гробиштата на советските војници во Варшава, симболично за жртвите од војната во Украина, извикувајќи „бандити, фашисти“ и спречувајќи го да положи венец, пишуваат медиумите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Она што се случи денеска при положувањето венци на гробовите на паднатите советски војници е инцидент што не требаше да се случи, инцидент за кој треба да се жали. Дипломатите уживаат посебна заштита, без оглед на политиката што ја спроведуваат владите што ги претставуваат“, изјавил министерот за надворешни работи Рау пред новинарите за време на неговата посета на Иран.

Медиумите анализираат дека министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камињски изразил разбирање за инцидентот и потсетил дека полските власти и препорачале на руската амбасада оваа година поради руската агресија врз Украина, Полска да не го слави 9 мај-Денот на победата.

„Разбирливи се емоциите на Украинките кои учествуваа на манифестацијата, а чии сопрузи се борат во одбрана на татковината. Полските власти му препорачаа на рускиот амбасадор да не положува цвеќе на 9 мај во Варшава. Полицијата му овозможи на амбасадорот безбедно да го напушти местото на настанот“, објавил Камињски на Твитер.

Според полските медиуми, поради Украинка која прво ја истурила бојата врз себе а потоа го полила и рускиот амбасадор, тој се откажал од положување венец, а руското Министерство за надворешни работи побарало од полските власти итно да дозволат полагање венци и обезбедување на руските дипломати од провокација.

Share
Scroll to Top