Полскиот претседател ги смести украинските бегалци во пртседателските вили

пред 3 години

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, на иницијатива на неговата сопруга Агата Корнхаузер-Дуда, ги смести украинските бегалци, кои ја напуштија својата земја поради руската агресија, во две претседателски вили, изјави денеска шефот на кабинетот на Дуда, Адам Квјатковски, пренесува Der Spiegel. .

Покрај претседателската палата и палатата Белведере во Варшава, Дуда има на располагање уште четири официјални вили. Досега речиси милион луѓе пристигнале во Полска од Украина.

Сопругата на претседателот, соопштија од претседателскиот кабинет, во наредните денови ќе ги посети бегалците.

Share
Scroll to Top