Европскиот систем за брзо предупредување за опасни производи RAPEX издаде итно предупредување за родителите – популарна плишана играчка за деца е прогласена за небезбедна и се повлекува од продажба низ цела Европска Унија.
Станува збор за електронска плишана играчка со симулирано дишење, изработена во розова и сина боја, и визуелно наликува на ликот од цртаниот филм „Лило и бод“. Играчката е достапна онлајн, најчесто преку magicpets.fr и Amazon, а сите сериски броеви се опфатени со повлекувањето.
Ризикот лежи во несоодветно зашиените шевови околу батеријата – влакнестиот материјал што се користи за нејзино полнење лесно може да испадне и да биде достапен за мало дете. Ако детето го стави полнењето во уста, постои сериозен ризик од задушување, пишува Telegraf Biznis.
Поради овие дефекти, производот не ги исполнува безбедносните стандарди пропишани со Директивата за безбедност на играчки, ниту пак го исполнува европскиот стандард EN 71-1.
Фото: принтскрин
Текстот Популарна плишана играчка за деца е прогласена за небезбедна и се повлекува од продажба низ цела Европска Унија е превземен од МАКФАКС.