Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна најниско ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.
Популарноста на Макрон нагло опаѓа за 7 процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што претставува најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д Диманш“.
Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и дека е непозната политичка фигура за многу испитаници, објавува Танјуг.
Анкета на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин
Текстот Популарноста на Макрон на најниско ниво досега, според последните анкети е превземен од МАКФАКС.