Границите на Австралија се затворени една година поради пандемијата со коронавирусот, и покрај фактот дека речиси и да нема нови случаи на заразени со Ковид-19, оваа земја не планира да го отвори влезот во земјата за странци до средината на 2022 година.
Министерот за трговија и туризам Ден Тихан изјави целосно отворање би можело да биде реално дури од средината, па дури и втората половина на 2022 година, пренесува Блумберг.
Австралија делумно ги отвори своите граници минатиот месец, но само за граѓаните на Нов Зеланд, каде исто така нема ширење на коронавирусот.
Тихан изјави дека таков модел може да биде овозможен и со некои други земји.
Иако имаше претходно најави дека Австралија може да дозволи меѓународно патување во октомври оваа година, ваквите проценки сега се променети поради појавата на нов вид на коронавирус во Индија и доцнењето на вакцинацијата.
Австралија, поради ширењето на коронавирусот во Индија, дури донесе одлука да ги затвори границите за своите граѓани кои се наоѓаат во таа земја, што предизвика осуда кај дел од јавноста, пишува британски Гардијан.