Американскиот Стејт департмент им нареди на сите свои дипломатски мисии низ целиот свет веднаш да спроведат безбедносни проценки, наведувајќи ја тековната и променлива ситуација на Блискиот Исток и можноста за прелевање на конфликти, според меморандум испратен денеска во кој увид имал „Вашингтон пост“.
Во меморандумот се наведува дека „сите амбасади низ целиот свет“ треба да ги свикаат своите Комитети за итни дејствија (EACs), тимови од експерти задолжени за идентификација и планирање на закани, и да ја разгледаат својата „безбедносна положба“. Меморандумот го потпиша државниот секретар Марко Рубио, а наредбата дојде од потсекретарот за управување Џејсон Еванс.
Иако слични наредби беа издадени до дипломатските мисии на Блискиот Исток во последните недели, ова се чини дека е прв пат сите мисии да добијат наредба да спроведуваат безбедносни проверки на глобално ниво поради војната со Иран.
Неколку американски амбасади беа цел на Иран и неговите сојузници. Неколку мисии беа привремено затворени, а на американскиот персонал му беше наредено да напушти неколку земји.
фото/Depositphotos
Текстот Поради стравот од ширење на војната во Иран, САД наредија безбедносна проверка на сите амбасади е превземен од МАКФАКС.





