Поради хакерски напад падна итернетот во Австрија

пред 3 години

Најголемиот австриски телефонски оператор А1 денес се соочил со голем хакерски напад, кој ја срушил нивната интернет мрежа.

Неколку часа домашниот интернет бил прекинат низ цела Австрија, а според А1, причината бил масивен DDos напад.

Хакерите се обидeле да ги онеспособат серверите на А1 со DDos напад, во што и успеале за некое време.

Проблемот со интернетот настанал во незгодно време, бидејќи се случил во период кога голем број граѓани работат од дома, а некои ученици следат онлајн настава.

Share
Scroll to Top