Поранешната портпаролка на Зеленски: Губиме, секој следен договор ќе биде полош

Поранешната портпаролка на Зеленски: Губиме, секој следен договор ќе биде полош

пред 5 часа

Поранешната портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендел (2019 – 2021), коментира за ситуацијата на фронтот и тековните мировни иницијативи, додека интензивните преговори продолжуваат за неколку паралелни мировни предлози, вклучувајќи ги и мировниот план на САД од 28 точки, неговиот ревидиран нацрт од 19 точки и руските предлози, кои, според „Ројтерс“ и „Блумберг њуз“, делумно се вклучени во верзијата на планот што моментно се дискутира меѓу Вашингтон, Москва и Киев.

„Секој следен договор за Украина ќе биде само полош затоа што губиме. Губиме луѓе, територија и економија. ЕУ (која патем ѝ плати на Русија над 311 милијарди евра во енергија и стоки од февруари 2022 година) нема вистинска стратегија, нема начин да го запре полнењето на рускиот буџет, нема доволно силна поддршка за победа на Украина, нема директен дијалог со Москва и нема вистинско влијание ниту врз Кремљ, ниту врз Вашингтон.

Аргументите дека ‘Русија освоила толку малку територија’ звучат речиси детски кога ќе се земе предвид човечката цена. Изгубивме повеќе луѓе за три години отколку што некои европски нации имаат население.

Мојата земја крвави. Многумина, кои рефлексивно отфрлаат каков било мировен предлог, веруваат дека ја бранат Украина. Со сето должно почитување, ова е најјасен доказ дека немаат поим што навистина се случува на бојните полиња и во земјата во моментот.

Војната не е холивудски филм. Никогаш нема да ги напуштам вредностите што Бог и демократијата ги ставаат во самата основа на човечкото постоење: Човечкиот живот е највисоко добро, а луѓето, живите луѓе, луѓето што дишат, се оние што треба да се спасат да се спасиш“, напиша Мендел на X.

Фото: facebook

Текстот Поранешната портпаролка на Зеленски: Губиме, секој следен договор ќе биде полош е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top