Портпаролoт на ЕУ: Вечера во Брисел во знак на поширок политички ангажман на ЕУ и Западен Балкан

пред 4 години

Портпаролот на ЕУ, Пeтер Стано вели дека целта на утрешната вечера, што се организира за лидерите од Западен Балкан во Брисел, е да се започне и прошири меѓусебниот политички ангажман.

„Проширувањето е приоритет и за регионот и за ЕУ, но сега сакаме да видиме поголема слика. Целта на оваа средба е да се слушне од лидерите од Западен Балкан како тие го гледаат политичкиот контекст и ситуацијата, како и да се започне почесто ангажирање на поширока основа, а не само за прашањето за проширување“, вели Стано.

На редовната прес-конференција во Брисел, Стано истакна дека намерата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел е да ја обнови традицијата за одржување на вакви формати со партнерите од Западен Балкан.

Тој додава дека тоа е логично продолжение на стратешката дебата што министрите за надворешни работи на ЕУ ја имаа минатата недела за зголемениот ангажман на Западен Балкан.

„Очекуваме дека ваквите состаноци ќе продолжат и дека ќе донесат поширок стимул за ангажман на ЕУ со регионот“, заклучи Стано.

Share
Scroll to Top