Неколку дена пред 22-годишната Џулија Чекетин да ја добие својата диплома по биомедицински инженеринг, поточно на 11 ноември, таа отиде во шопинг за нејзиниот матурски фустан со своето поранешно момче Филип Турет (22). Парот исчезна, а набрзо се појавија и видео снимки на кои се прикажани последните моменти од нејзиниот живот. Убиството од поранешното момче, ја шокираше земјата и предизвика репресии против насилството врз жените.
Камерите кои биле поставени на паркингот кај Венеција, односно куќата на Џулија во Вигоново, го снимиле Турет како ја тепа својата поранешна партнерка.
Како резултат на физичката пресметка, Џулија се обидела да побегне, но обвинителите велат дека Турет и ставил селотејп на устата, насилно ја внел во автомобил и повторно ја нападнал.
По еднонеделна потрага, телото на Џулија беше пронајдено на дното на ров, завиткано во црни пластични кеси.
Нејзиното тело покажувало знаци на брутално убиство – главата и вратот и биле покриени со најмалку 20 длабоки убоди. Властите веруваат дека таа е убиена ноќта на 11 ноември.
Полицијата потоа распиша меѓународна потерница и започна масовна потера по Филип Турет. Неговиот автомобил бил забележан во северна Италија, Австрија, а потоа и во Германија.
Една недела подоцна, Турет бил уапсен во близина на Лајпциг, Германија, кога возач повикал полиција откако забележал автомобил паркиран на автопатот. Повикувачот немал поим дека 22-годишниот возач се бара за убиство. Туре се уште не е официјално обвинет и во сабота ќе биде екстрадиран во Италија.
Откако полицијата го пронашла телото на Џулија, нејзината сестра Елена на Инстаграм напишала: „Почивај во мир. Те сакам”.
Milano oggi.
Non staremo più zittə.#giuliacecchettin #giornatacontrolaviolenzasulledonne pic.twitter.com/bhLEYcrs5h
— Luca Caputa (@luca_caputa) November 25, 2023
Податоците на италијанското МВР покажуваат дека од почетокот на годинава во Италија се убиени 106 жени, од кои 55 биле убиени од нивните партнери.
Убиството на Џулија предизвика излив на тага и гнев во Италија, каде што многу жени чувствуваат дека се вкоренети патријархалните ставови. Ширум земјата се одржуваат протести и бдеење.
Текстот Посесивен дечко ја убил поранешната девојка (22): Италија на нозе поради страшниот злостор, народот врие од гнев е превземен од МАКФАКС.