Последниот американски потег е доказ дека Путин ќе го слуша само Бајден

пред 3 години

Европа продолжува да ја „свири втората виолина“ зад САД кога станува збор за одбрана на безбедноста на нејзиниот континент. Ова може да се заклучи од потезите на лидерите на САД, ЕУ и НАТО.

Американскиот претседател Џо Бајден самоиницијативно распореди илјадници војници во Источна Европа, без да чека НАТО да го објави тоа.

Бајден одобри распоредување на 2.000 американски војници во Полска и Германија, а 1.000 војници ќе бидат префрлени од Германија во Романија. Во текот на викендот дел од американската армија пристигна во Германија и Полска.

Бајден наредил да бидат распоредени 3.000 војници за да им помогнат на европските сојузници, објави претходно Волстрит журнал.

Гамбитот на американскиот претседател е одговор на натамошното акумулирање на руски војници во близина на украинската граница.

Вашингтон беше внимателен да ја поштеди Европа од срамот поради фактот што САД преговараат со Русија за украинската криза.

Точно е дека преговорите НАТО-Русија се во тек, но САД отсекогаш биле доминантна сила во Алијансата, а последниот потег на Бајден го истакнува тоа.

Единствените двајца преговарачи за правата во украинската криза се претседателите на САД и Русија. Европа не е во преговарачката соба, а не е ниту претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пишува британски „Телеграф“.

Владимир Путин ќе разговара со другите лидери и ќе се обиде да ја искористи секоја слабост во единството на Западот, но тој навистина треба да го слуша Џо Бајден.

Помалите европски сили се уште се врзани за американското „здолниште“ и се кријат зад неговите рабови, пишува британски „Телеграф“.

Обединетото Кралство и Франција разговараа за дополнително распоредување на војници во Унгарија и Романија. Берлин го блокираше трансферот на оружје во Киев и наместо тоа испрати само шлемови.

Обединетото Кралство дава остри изјави, но најмногу навива за Вашингтон како главен преговарач.

Иако британскиот премиер Борис Џонсон неодамна ја посети Украина и телефонски разговараше со Путин, никој не очекува тој да има посебно влијание за смирување на тензиите, особено со оглед на проблемите со кои се соочува на неговата територија.

Франција води паралелни разговори со Москва и инсистира дека преговорите ЕУ-Русија ќе бидат поуспешни од оние меѓу Кремљ и Белата куќа.

Макрон се обидува да се истакне како лидер на ЕУ, па отпатува во Русија за да разговара со Путин.

САД се единствената земја која може да се соочи со непријател како Русија надвор од НАТО и да преживее.

Ниту една европска членка на Алијансата нема агенција, ресурси и политичка волја да се движи одлучно, брзо и независно.

Само суперсилите можат да бидат вистински суверени. А Путин сериозно ќе ги сфаќа само суперсилите, заклучува британскиот весник.

Share
Scroll to Top